18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWIN/Gallup International: Обама и Путин најпознати светски лидери, Меркел најпопуларна во Македонија

WIN/Gallup International: Обама и Путин најпознати светски лидери, Меркел најпопуларна во Македонија

lideri 3243

Најновото истражувања на WIN/Gallup International покажува дека помеѓу десетте глобални лидери, претседателот на САД Барак Обама и претседателот на Русија Владимир Путин се значително попознати ширум светот во однос на другите.

Луѓето ширум светот значително повеќе имаат позитивно мислење за претседателот Обама во однос на било кој друг, додека за претседателот Путин има поделени мислења.

Речиси тројца од пет (59%) од анкетираните во 65 земји низ целиот свет имаат позитивно мислење за претседателот на САД Барак Обама. Само еден од тројца (29%) имаат негативно мислење. И покрај неодамнешното преземање на борбата со ИСИС во Сирија, за претседателот Путин има поделено мислење каде еден од тројца во светот (33%) имаат позитивно мислење, но 43% имаат негативно мислење.

Претседателот Обама ужива голем углед во Јужна Азија каде 76% од анкетираните имаат позитивно мислење за него, во земјите на ЕУ (67%), Латинска Америка (65%), Субсахарска Африка (65%) и Источна Азија (65%). Сепак, во MENA регионот (Middle East and North Africa) позитивното мислење за него опаѓа до 33%.

Од друга страна, претседателот Путин е најпопуларен во поранешните советски држави каде што во просек 55% имаат позитивно мислење за него, но значително понепопуларен е во Европа каде 67% имаат негативно мислење за него, а во Северна Америка 65%.

Интересно е да се истакне дека популарноста на претседателот Обама во неговата земјата се намалува во последните неколку години, и во најновото истражување неговиот нето скор е +12%, но на светската сцена, тој и понатаму е најпопуларен лидер со нето скор +30%. Од друга страна, на претседателот Путин повеќе му се восхитуваат дома каде неговиот нето скор изнесува +72%, но на глобално ниво неговиот углед е со негативен нето скор -10%.

Од десет анкетирани глобални лидери германската канцеларка Ангела Меркел е втора најпопуларна личност за 2015 година; 42% имаат позитивно мислење за неа, а 29% негативно (нејзиниот нето скор изнесува +13%). Таа, исто така, се чини дека ги обедини Западна и Источна Европа, каде што нејзината популарност е иста во двата региони со 48% и 49% поизитивно мислење за неа. Интересно е што таа е значително повеќе популарна кај мажите (45%) отколку кај жените (39%). Британскиот премиер Дејвид Камерон е рангиран на третото место 37% позитивно мислење за него, 28% негативно мислење со нето скор од +10%.

Во Македонија на врвот на листата на популарноста на светските лидери е германската канцеларка Ангела Меркел со позитивен нето скор од 33%. На второ место на листата на популарноста е рускиот претседател Владимир Путин со нето скор +19% а на трето место е американскиот претседател Барак Обама со нето скор +14%. Најнепопуларен во Македонија е иранскиот претседател Хасан Рохани со негативен нето скор од 11%.

Перцепцијата на светските лидери во регионот е варијабилен и се разликува од земја до земја. Во Бугарија најпоуларна е бразилската претседателка Дилма Русеф со нето скор +43% a најнепопуларен е иранскиот претседател Хасан Рохани со негативен скор 15%.

Во Грција најпопуларен е Путин со нето скор + 25% а најнепопуларна е Меркел со нето скор -72%.. Во Србија најпопуларен е Путин со нето скор +72% а најнепопуларен е Обама со нето скор -21%. За разлика од тоа популарноста на Обама во Косово е +83% а најнепопуларен е Путин со нето скор -66%. Во Босна и Херцеговина најпопуларна е Меркел со нето скор +48% а најмалку популарен е британскиот премиер Камерон со +3%.

Истражувањето „Крајот на годината“ е годишна традиција иницирана и дизајнирана под раководство на д-р Џорџ Галуп во 1977. Таа се спроведува секоја година од тогаш. Оваа година беше спроведена од страна на WIN/Gallup International во 65 земји низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП