22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗToyota четврти пат е лидер во светот според продажбата

Toyota четврти пат е лидер во светот според продажбата

A vehicle for sale is pictured at AutoNation Toyota dealership in Cerritos

Јапонскиот гигант „Toyota“ е на пат да заврши четврта година по ред како најголем производител на автомобили во светот. Агенција „Ројтерс“ објави дека и во ноември Јапонците според продажбата на нови автомобили се пред својот најголем ривал „Volkswagen“.

За периодот јануари-ноември 2015-та година „Toyota“ реализирала 9,207 милиони продажби, додека резултатот на „Volkswagen“ е 9,095 милиони. До средината на годината германскиот производител беше лидер со 5,04 милиони, наспроти 5,02 милиони за Азијците, но во последните 5 месеци работите се променија и „Toyota“ излезе на чело.

Една од главните причини за тоа беше скандалот со манипулациите на резултатите на дизел моторите на германскиот концерн. Тој доведе до пад на продажбата од 2,2% во споредба со истиот период на 2014-та година

Сепак, „Toyota“ нема да успее да го постигне планираниот резултат од 10,16 милиони продажби за целата 2015-та година. Јапонците очекуваат да ја завршат годината со 10,09 милиони. Во 2014-та година тие запишаа 10,23 милиони, наспроти 10,14 милиони за „Volkswagen“.

Најпродаван модел на „Toyota“ во светот и натаму останува „Corolla“.

tojo pro1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП