17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдна од најголемите нафтени компании се повлече од Русија

Една од најголемите нафтени компании се повлече од Русија

why-choose-bg

„ConocoPhillips“ најави дека целосно се повлекла од Русија, откако го продала 50 процентниот уделот во „Polar Lights“ – компанија која добива по 4 милиони барели нафта дневно во северозападниот дел на земјата, објави „CNNMoney

Компанијата најави дека уделот е купен од „Trisonnery Asset Limited“, но детали за договорот не беа објавени.

„ConocoPhillips“ го лансираше својот прв проект во Русија во 1992-ра година во партнерство со државниот гигант „Rosneft“.

Русија продолжува да е втор најголем производител и втор во редот на извозниците на нафта во светот. Падот на цените на нафтата, како и поевтинувањето на руската рубља, сепак ги прават поризични инвестициите во земјата.

Потсетуваме дека во 2005-та година „ConocoPhillips“ влезе во стратешко партнерство со „Лукоил“, откако дури купи 20% од компанијата. Уделот беше продаден во 2012-та година, а со оваа зделка американската компанија се повлекува од Русија по период од 23 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП