6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНаплатниот пункт на ЕВН Македонија во Струга со нова локација

Наплатниот пункт на ЕВН Македонија во Струга со нова локација

evn 99

Во Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Македонија во Струга во вторникот беше отворен наплатниот пункт со нова локација.

Новиот наплатен пункт кој се наоѓа на ул. Кеј 8 Ноември б.б. влез 2 – е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено, се вели во соопштението на компанијата.

За сите корисници на струшкиот реон кои најчесто се одлучуваат својата обврска кон ЕВН да ја подмират директно во шалтерите или пак не се откажуваат од навиката сметките да ги плаќаат директно на шалтер, новиот наплатен пункт има повеќе капацитет за нивните одредени услуги да бидат исполнети.

ЕВН Македонија во последните години има развиено голем број на услуги како да ги плаќаат на брз и ефикасен начин фактурите за електрична енергија, и тоа во банките, пошта, а можат да се користат и современите начини на плаќање на сметките на интернет, без туркање на шалтерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП