4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген го зголемува бројот на вработени

Фолксваген го зголемува бројот на вработени

folks

Групацијата Фолксваген планира да го зголеми бројот на вработени на глобално ниво од сегашните 550.000 на 600.000 до 2018-та година како дел од планот да стане најголема компанијата за производство на возила. Компанијата расте, па оттука и потребата за вработување на работници во производство, истакнуваат од германскиот гигант.

Во 2012-та година Фолксваген има продадено 9.1 милиони единици и планираат да ја надминат Тојота и со тоа да станат најголем производител на возила до 2018-та година. Германскиот производител се потпира на растот во другите пазари кои ќе ја анулираат загубата на европскиот пазар, а планираат речиси двојно зголемување во производствениот капацитет на територијата на Кина во следните пет години.

Минатиот месец од Фолскваген најавија дека ќе инвестира 9.8 милијарди евра за проширување на своите кинески операции во текот на следните три години. Според компанијата, парите ќе бидат искористени за изградба на нова фабрика, која ќе биде лоцирана во главниот град на провинцијата Хунан Чангша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП