Новата генерација на кросоверот „Audi Q5“ ќе ја добие максималната „RS“ верзија која ќе се потпира на мотор со околу 400 КС, објави „AutoBild“.
До неодамна теренец можеше да предложи во две варијанти „SQ5“ – бензинец со 3.0-литарски турбо V6 со 354 КС и дизел, исто со 3.0-литарски турбо V6, но со 326 КС и 650 Нм. Но со појавувањето на „Mercedes-AMG GLC 63“ и на „M“- верзијата на следната генерација на „BMW X3“, сепак ја натера компанијата од Инголштат да преземе мерки во таа насока.
Првично се сметаше дека идниот „Audi Q5 RS“ ќе биде опремен со 2,9-литарски V6 со електрична и стандардна турбина, но подоцна инженерите на брендот се откажале од оваа опција. Според најновите информации, ќе биде избран познатиот 2.5-литарски турбо мотор, кој кај „RS3“ ќе развива 367 КС, а кај „Q3 RS“ ќе има 340 КС
Моторот ќе биде употребен и кај новото „Audi TT RS“, каде што исто така ќе има околу 400 КС. Со овој агрегат, новото „Audi Q5 RS“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 5 секунди.