6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung Pay најави ширење на услугата на мобилно плаќање во САД

Samsung Pay најави ширење на услугата на мобилно плаќање во САД

galsi 33

Самсунг Електроникс планира да ја прошири следната година својата услуга на мобилно плаќање во САД, со што на корисниците ќе им овозможи купување преку интернет со помош на паметните телефони кои го поддржуваат електронскиот паричник.

Евтините модели на телефоните на Самсунг веројатно следната година ќе почнат да ја нудат услугата на мобилен паричник, најави глобалниот генерален директор на Samsung Pay, Томас Ко.

Оваа услуга прво е воведена во Јужна Кореја.

„Пошироката достапност на услугата на Samsung Pay на телефоните, како и поголемата поддршка на интернет плаќањето доаѓаат наскоро“, рече Ко кон крајот на минатата недела. Притоа не кажа на кои земји ќе се прошири таа услуга.

Samsung Pay е лансиран во САД кон крајот на септември и веќе го презеде водството од главните конкуренти Apple и Android заради употребата на технологија што се користи во повеќето продавници. Имено, Apple Pay и Android Pay бараат од трговците инсталирање на нова опрема.

Со прифаќањето на интернет плаќањето, Samsung Pay ќе му конкурира на веќе познатиот понудувач на оваа услуга PayPal Holdings, како и на новите компании во оваа сфера, Visa Checkout.

Услугата на мобилен паричник се обидува да се пробие во САД, каде што побавно се прифаќаат технологиите за разлика од Европа и Азија, како на пример кредитните картички со вграден микрочип.

Samsung Pay веќе е најдобро прифатен мобилен паричник во САД, бидејќи е усогласен со новите и постарите терминали за кредитни картички и не бара од трговците никакви посебни аранжмани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП