2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако да го искористите вашиот стар смартфон!

Како да го искористите вашиот стар смартфон!

smartphone249

Смартфоните во просек ги менуваме на секои две години, односно кога истекува договорот со операторот, а тогаш доаѓаме до прашањето: Што со стариот телефон?

Ако станува збор за некој топ модел кој и натаму е популарен, го продаваме преку оглас или го поклонуваме на некого, а послабите модели во принцип се наоѓаат на дното на некоја фиока.

Меѓутоа, тоа немора да биде така. Стариот телефон можеме и натаму да го употребуваме и да биде корисен.

Ретро конзола лесно можете да направите ако телефонот го поврзете со телевизор преку „Chromecast“ или „micro USB-HDMI“ конвертор, а потоа на него да исталирате некој од големиот број на емулатори за стари конзоли, како „Segа“, „Nintendо 64“… Со „Bluetooth“ можете да поврзете контролер за „PlayStation“ и подготвени сте за играње.

„Fitness“ тренер може да стане речиси секој телефон. Избришете ги сите непотребни апликации и друштвени мрежи кои може да ви пречат со нотификации. Се што ви треба на него е некоја од апликациите за вежбање или музика која ќе ве мотивира за вежбање.

„GPS“ уредот во автомобилот денес станува стандарден на новите модели, но доколку имате постаро возило, телефонот можете да го монтирате на носач и да инсталирате некоја навигација или да користите „Google Maps“ (благодарејќи на „offline“ режимот не ви е потребен ниту сообраќај на податоци). Со аудио излезот, телефонот може да се искористи и како „MP3 player“.

Зошто да имате класичен будилник, кога од „Google Play Store“ можете да одберете некоја од илјадниците апликации со часовници и аларми. Се што ви е потребно е евтин „dock“ кој ќе биде лежиште на вашиот телефон крај креветот.

„Media player“ – Како и кај ретро конзолите, тука ви е потребен „Chromecast“ или кабел со кој ќе можете да го поврзете телевизорот на телефонот. Додека бројни сервиси како „Netflix“ или „Hulu“, кај нас се уште не работат, „YouTube“, „Pickbox“ и филмови на мемориската картичка може да понудат доволно забава. Ако имате постар телефон со голем екран, претворете го во дигитална фото рамка и со помош на некоја од апликациите кои служат токму за тоа, наполнете го уредот со ваши фотографии.

Претворете го телефонот во надзорна камера со некоја од апликациите, така што ќе реагира на движење и на вас ќе ви испраќа фотографии веднаш кога нешто ќе се активира. Нормално, морате да размислувате за сокривање на телефонот или заштита од дожд. Слично, различни апликации можат телефонот да го претворат во монитор за бебиња, па преку вашата „Wi-Fi“ мрежа ќе ви испраќа видео или аудио содржини од детската соба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП