26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин со нови специјални економски мерки против Турција

Путин со нови специјални економски мерки против Турција

russian-president-vladimir-putin

Претседателот Владимир Путин потпиша денес декрет за воведување на специјални економски мерки против Турција, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин практично ги прошири санкциите воведени на крајот на ноември по соборувањето на рускиот авион.

Новите ограничувања се однесуваат на сите организации кои работат на територијата на Русија и се наоѓаат под контрола на турските граѓани, а не само фирмите под турска јурисдикција, се наведува во документот.

Новите санкции ќе стапат на сила од Нова година, а со нив ќе им се забрани на руските работодавци да вработуваат граѓани на Турција, а исто така ќе биде забранет и увозот на одредени намирници.

Со одлуката на Путин ќе бидат укинати и сите чартер летови од Русија за Турција и обратно.

Русија првиот пакет санкции кон Турција го воведе на 28. ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП