11 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW X3 ќе стане хибрид

BMW X3 ќе стане хибрид

hib trojka 33

Следната генерација на кросоверот „BMW X3“ ќе добие хибридна верзија, како и модификација развиена од „М“-делот на баварците. Ова го тврди изданието „AutoBild“ што се повикува на свои извори.

Се очекува „X3“ да стане првиот кросовер на германската марка, кој ќе биде изграден на новата модуларна платформа на производителот. Тоа ќе овозможи да се модернизира значително управувачот, да се зголеми внатрешниот простор и да се подобри видливоста на возачот, покажува информацијата.

Хибридната модификација ќе нуди можност за полнење од електричната мрежа. Погонскиот агрегат со моќност од 252 КС ќе вклучува бензински мотор, електромотор и комплет литиум-јонски батерии. Само на електрична енергија теренецот ќе поминува околу 40 километри, а просечната потрошувачка на гориво ќе биде околу 2,1 л/100 км.

Спортската верзија – „Х3 М“, за возврат ќе добие 3,0-литарски твин-турбо мотор со 6 цилиндри, развива 435 КС. Овој мотор дебитираше кај седанот „М3“ и каросерија „М4“, а во подоцнежна фаза ќе биде достапен и за следната генерација на кросоверот „Х4“.

Според информациите следниот „BMW X3“ нема да се нуди со 3 мотори, но ќе добие целосно нов 2,0-литарски дизел мотор со 4 цилиндри. Меѓу новитетите за моделот ќе биде и мултимедијален комплекс со гласовно управување, кој ќе може да ги препознава гестовите на возачот.

Се очекува автомобилот да дебитира во 2017-ма година, а „М“-верзијата ќе излезе на пазарот околу една година подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП