3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБитката за најскапата компанија во светот

Битката за најскапата компанија во светот

trilionce 23

Ќе успее ли „Alphabet“ (компанијата мајка на „Google“) да го претекне „Apple“ како најскапа компанија во светот?

Не многу одамна инвеститорите сметаа дека токму „Apple“ ќе е првата компанија во светот која ќе ја премине границата на пазарна оценка од 1 илјада милијарди долари.

Во својот врв, капитализацијата на „Apple“ беше 775 милијарди долари. Во тоа време „Google“ се проценуваше на 366 милијарди долари. Но оттогаш вредноста на „Apple“ се намали до сегашните 605 милијарди долари во однос на 527 милијарди долари за „Alphabet“. Тоа, од една страна, се должи на зголемената популарност на смартфоните кои го користат оперативниот систем на „Google“, „Android“.

И така – денес разликата помеѓу двете компании е помалку од 80 милијарди долари.

Аналитичарите се согласуваат дека профитот на „Alphabet“ ќе расте со побрзо темпо од оној на „Apple“. Прогнозата е дека во следните неколку години профитот на „Alphabet“ ќе расте со просечен раст од 17%, а на „Apple“ со 12 отсто.

Кога сепак „Alphabet“ ќе го надмине „Apple“?

Ова ќе се случи, доколку пазарната проценка на „Google“ додаде 25%, а на „Apple“ се намали за нови 5%. Тогаш „Alphabet“ ќе се проценува на 660 милијарди долари во однос на 635 милијарди долари на „Apple“. Во случај компаниите да имаат исти резултати, како и во текот на оваа година, „Google“ ќе ја достигне проценета капитализација од околу 750 милијарди долари, а Apple – 590 милијарди долари, пишува „Money CNN“.

Дали тоа значи дека „Alphabet“ ќе е првата компанија која ќе ја премине границата од 1 илјада милијарди долари?

Да, во случај компанијата да продолжи да расте со исто темпо, како во 2015-та година и во текот на следната, но и во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП