6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei D8 пристигнува следната година со Kirin 960 SoC и 4 GB...

Huawei D8 пристигнува следната година со Kirin 960 SoC и 4 GB RAM

huvi 33

Шефот на одделението за смартфони во компанијата „Huawei“, Хе Ганг, вели дека идната година сака да ја прошири понудата на модели од високата класа. Уредот кој би можел да му помогне во таа цел е „Huawei D8“ кој веќе подолго време се споменува.

Прв пат слушнавме за овој телефон со „Android“ оперативен систем уште во ноември минатата година кога беше порачано дека би можел да биде од „roadmap“-та на „Huawei“ зa 2015-та година. Телефонот сега најверојатно е поместен за претставување во 2016-та, додека оваа година го видовме „Huawei Mate 8“.

Според информацијата која пристигнува од Кина, „Huawei D8“ ќе се карактеризира со 5,5-инчен екран заштитен со кристали од сафир. Дисплејот ќе има резолуција од 1440 x 2560 пиксели, а моќ ќе му дава чипсетот „Kirin 960“. Покрај тоа, се истакнува и 4 GB RAM меморијата.

Спецификациите се блиску до информациите кои се појавија во 2014-та, иако минатогодишниот извештај говореше дека „D8“ ќе има „950 SoC“. Доколку овие информации бидат точни, „Huawei D8“ на пазарот ќе чини 775 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП