3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFujitsu ги разделува своите PC и мобилни оддели во посебни компании

Fujitsu ги разделува своите PC и мобилни оддели во посебни компании

fujitsu 353

Јапонската компанија „Fujitsu“ во официјално соопштение објави дека одлучила да ги раздвои своите „PC“ и мобилни оддели во две посебни компании.

Како причина за ваквиот потег во компанијата ја наведуваат моменталната состојба на пазарот на кој е присутна „комодизација“, поточно претворање на компјутерите и паметните телефони во стока за широка потрошувачка без премногу иновации.

Другата причина е моменталната организациска состојба во компанијата која не поттикнува од диференцијација и компетитивност во однос на другите производители на пазарот (од кои некои од нив, како што е „Hewlett Packard“, исто така одлучија да ги одделат своите оддели во посебни компании).

Поради тоа од 1-ви февруари 2016-та година одделот на „Fujitsu“ за десктоп и преносни компјутери ќе го одвои во посебна компанија под името „Fujitsu Client Computing Limited“, додека мобилниот оддел ќе биде посебна компанија која ќе се нарекува „Fujitsu Connected Technologies Limited“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП