19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо 2016-та VW ќе го „освежи“ Amarok

Во 2016-та VW ќе го „освежи“ Amarok

amrok 3535

Со цел да се осигура дека нивниот „пик-ап“ ќе остане конкурентен на моделите како што се „Nissan Navara“ или „Toyota Hilux“, „Volkswagen“ во 2016-та ќе претстави редизајн на актуелниот „Amarok“.

Според информациите се наведува дека германскиот производител нема да се задржи само на козметички интервенции на надворешноста, туку ќе го подобри и ентериерот на возилото.

Промените во внатрешноста ќе опфатат и нов мултимедијален уред со „Android Auto“ и „Apple CarPlay“ системи за интеграција на мобилните телефони.

Како и обично кога станува збор за редизајн на некој модел, на купувачите ќе им бидат понудени и нови бои и дезени на навлаките и тапацирот, а се наведува дека „Amarok“ зa 2016-та ќе има и дополнителни системи за активна безбедност.

Најмногу стилски промени треба да се очекуваат на предниот дел – маската на ладилникот и фаровите, со дискретен редизајн на стоп светлата и задниот браник.

Палетата на мотори ќе биде превземена од актуелната верзија со мали подобрувања на полето на ефикасноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП