Американската рејтинг агенција „S&P“ предупреди дека постои можност политичката нестабилност во Грција во 2016-та да доведе до тоа земјата да банкротира следната година.
Aналитичарот од „S&P“, Френк Гил изјави дека способноста на грчката влада во наредните 12 месеци да ги отплаќа долговите во целост зависи од поволните бизнис и финансиски услови во земјата.
Гил, директорот на „S&P“ за Европа, додава дека посветеноста на Атина за спроведување на непопуларните реформски мерки, како оние за социјалните осигурувања, бенифициите, кратењето на трошоците и приватизацијата, ги зголемува шансите веќе на почетокот на годината да дојде до политичка неизвесност.
„S&P“ наведува дека имплементацијата на договорените мерки во рамките на пакетот финансиска помош за Грција е клучно за опстанок на грчките банки, стабилизација на економијата и враќање на довербата.
Гил и покрај загриженоста која ја изрази, вели дека верува во грчката влада и дека таа ќе стори се да не ги доведе кредитниот сектор и банкарските депозити во ризик и дека верува Атина ќе ги исполнува обврските кои ги превзема во замена за помошта земена во кредити.