6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗаменете го вашиот стар Xiaomi уред со нов, нормално со доплата

Заменете го вашиот стар Xiaomi уред со нов, нормално со доплата

ximi 3

На својот официјален „Weibo“ профил Лин Бин (претседателот на „Xiaomi“) објави нешто интересно, кое пред се ќе им се допадне на сопствениците на „Mi 2S“ смартфонот. Фотографијата се состои од формула (Mi 2S +? = Mi 4C) која сугерира на тоа дека сопствениците на „Mi 2S“ ќе можат својот уред од 2013-та со доплата да го заменат со годинешниот модел „Mi 4C“.

Нормално немаше да биде интересно доколку во истовреме објавеа и колкав ќе биде износот кој треба да се одвои при заменувањето на стариот со нов уред. Сепак, „Xiaomi“ дополнително ќе ја објави разликата преку своите официјални „Weibo“ и „Twitter“ профили.

Но, од други извори дознаваме дека оваа програма за замена на старите за нови уреди ги опфаќа и сите „Xiaomi“ уреди од „Redmi“ и „Mi“ сериите. Интернет страната „xiaomiinsider.com“ тестирала и потврдила дека целата работа околу замената на старите со нови уреди функционира.

„Xiaomi“ за нивниот „Xiaomi Note“ уред со 64 GB интерна меморија им понудил купон во вредност од 200 долари, кој може да се искористи при купување на нов уред. Еден од проблемите поврзани со оваа програма е тоа што таа ќе биде достапна исклучиво за домашните купувачи на „Xiaomi“, односно за купувачите од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП