29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото на крајот(на годината) секогаш се исплати

Златото на крајот(на годината) секогаш се исплати

gold

Без оглед на тоа дали биле добри или лоши, инвеститорите обично може да сметаат на предновогодишниот раст на вредноста на златото, пренесува њујоршката агенција “Bloomberg”.

Во девет од последните десет години, цената на златото во периодот од 23 декември до 3 јануари секогаш расте, со просечна добивка од 2,9 отсто.

Дури и во 2013 и 2014 година, кои беа најлоши за златото во последната деценија, вредноста на овој благороден метал пораснала во текот на празничниот период пред крајот на годината.

Се чини веќе дека започна предновогодишниот раст на цената на златото, па така цената која на 3 декември падна на петгодишен минимум од 1046,44 долари за унца, оттогаш до вчерашниот ден напредувала за 2,3 отсто.

Скокот на цената на златото на крајот на годината, према оценката на Бред Џетс од компанијата Елементал капитал, е резултат на тенденцијата на потрошувачите од Кина, најголемиот купувач на злато.

Побарувачката на злато оваа година остана многу силна во Азија, иако на некој места е намалена, во Кина е регистриран раст од 7,8 отсто од јануари до септември оваа година, према податоците на Кинеската асоцијација за злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП