2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCorvette станува електричен автомобил

Corvette станува електричен автомобил

e kor vete

„General Motors“ подготвува високотехнолошка верзија на новата генерација „Corvette Stingray“, стана познато од новиот бренд кој Концернот го регистрираше во Заводот за патенти на САД.

Предметната трговска марка, која ќе се користи за нова верзија на спортскиот модел, е „Corvette E-Ray“. Името јасно укажува поради буквата „Е“, дека станува збор за автомобил, во чиј погон ќе учествува електромотор. Во моментов не е јасно дали моделот ќе биде хибрид, „plug-in“ хибрид или целосно електричен.

Според шпекулациите, новата верзија ќе се појави со следната генерација на моделот, како и дека ќе претставува хибрид. Бензинскиот мотор ќе ги придвижува задните тркала, а предните ќе бидат потпомогнати од електромотор. Така возилото ќе поседува погон на сите четири тркала.

Актуелниот „Corvette Stingray“ користи „V8“ агрегат со моќност од 466 Кс и 630 Нм. Достапна е и верзијата „Corvette Z06“, при што индикаторите достигнуваат 659 Кс и 881 Нм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП