3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ќе претстави Series 9 и i6 до 2020-та година

BMW ќе претстави Series 9 и i6 до 2020-та година

b devetka 01

До крајот на деценијата актуелниот предводник на компанијата „BMW“, моделот „Series 7“, ќе го отстапи своето место на целосно нов модел. Тој ќе биде изграден врз основа на концептот „Vision Future Luxury“ кој беше прикажан на саемот во Пекинг во 2014-та година.

Во основата на моделот ќе биде архитектурата на новата генерација на „Series 7“, но со продолжена шасија и со 4 места. Моделот во палета на концернот ќе го заземе место меѓу „Series 7“ и „Rolls-Royce Ghost“. Баварците ќе го крстат луксузниот автомобил „Series 9“, а причината е дека во „BMW“ не сакаат да се сеќаваат на неадекватниот „Series 9“, а врз „Series 10“ немаат права.

b devetka 02

Лимузина ќе се појави во 2020-та година – околу 1,5 година по претставувањето на редизајнот на сегашната „седмица“. Моделот ќе излезе во мала серија, а ќе добие хибриден агрегат со „V6“ мотор, како и твин-турбо „V8“ и „V12“, чија моќ ќе биде околу 650 КС. Најмоќна верзија ќе го добие името „M960i“ или „М9“. Предвидена е и електрична модификација, во чија основа ќе биде „Phantom EV“, кој веќе се развива од „Rolls-Royce“.

Во исто време баварците ќе бидат подготвени и со нов електромобил – „i6“, кој ќе биде изграден речиси целосно од карбон, а неговите димензии ќе бидат колку кај „Series 3“. Машината ќе се вози со два или четири електромотори во зависност од нивото на опрема, а тие ќе се полнат од литиум-полимер батерии. Тие се два пати поевтини во споредба со литиум-јонските, но во исто време за три пати помоќни.

b devetka 03

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП