28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsАpp наскоро и со видео можности

WhatsАpp наскоро и со видео можности

vacii 35

Една од најголемите апликации за инстант пораки, сопственост на „Facebook“ – „WhatsАpp“, планира наскоро да пушти и видео услуги.

„WhatsАpp“ се користи од над 700 милиони луѓе месечно, а 900 милиони е вкупниот број на корисници на нејзините услуги, коментира извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг.

Според информациите објавени во германските медиуми, видео услугата на „WhatsApp“ ќе биде обезбедена прво за корисниците на смартфони со оперативниот систем „iOS“, а малку потоа и за оние кои имаат паметен телефон со „Android“.

Придобивката од ова е тоа што корисниците ќе можат да прават и примаат видео повици преку мобилните и „Wi-Fi“ мрежи. Со мало прозорче во долниот крај на екранот корисниците ќе можат да се гледаат и самите. Тоа ќе може да се премести по екранот, а исто така ќе има можност да се емитува од задната или предната камера.

Од „WhatsApp“ планираат уште да додадат и копчиња за разговор со неколку луѓе. Така на корисниците нема да им се наметнува да се враќаат кон главното мени, за да ги префрлаат разговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП