27 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ќе претстави евтин iPhone во април?

Apple ќе претстави евтин iPhone во април?

evtin ajfon 33005

Дали постои пазар за смартфони со помали екрани? Јавно од „Apple“ сметаат дека одговорот на ова прашање е позитивен.

Се повеќе нападни стануваат гласините дека вториот најголем светски производител на смартфони подготвува нов „евтин модел“.

Според неодамна објавените по грешка податоци од кинескиот мобилен оператор „China Mobile“ стана јасно дека уред со името „iPhone 7c“ се подготвува за деби во Кина во април.

Според изданието „MacRumors“ тешко е да се поверува дека од „Apple“ ќе го наречат уредот „7c“, поради тоа што се уште не ја претставиле седмата серија на моделот „iPhone“. Поверојатно е уредот да го носи името „iPhone 6c“.

Претходно во текот на овој месец од друго издание – „9to5Mac“, рекоа дека „Apple“ подготвува конференција за март следната година, на која најверојатно ќе бидат претставени следната генерација на „Apple Watch“ и моделот „iPhone 6c“.

Очекувањата се дека новиот евтин „iPhone“ ќе се одликува со 4-инчен дисплеј и метално тело, кој ќе го замени пластичното кај претходниот модел.

Дали сепак „Apple“ ќе се насочи кон претставување на сличен евтин смартфон, останува допрва да видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП