4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen се откажа од „Das Auto“

Volkswagen се откажа од „Das Auto“

A security guard stand next to a Volkswagen logo at the stage of the company prior to the opening of the 15th Shanghai International Automobile Industry Exhibition

Раководството на „Volkswagen“ одлучи да се откаже од слоганот „Das Auto“, кој асоцира на последните модели на компанијата, пренесува „Ројтерс“. Германскиот производител подготвува нова рекламна кампања, која ќе стартува наскоро.

Слоганот „Das Auto“ беше воведен во 2007-ма година, кога на чело на „Volkswagen“ беше Мартин Винтеркорн. Фразата беше едноставна и лесно се паметеше, но по скандалот со манипулација на дизел моторите на компанијата, новото раководство одлучило да се откаже од неа.

Главниот противник на досегашниот слоган е Херберт Дис, кој е одговорен за развојот на брендот „Volkswagen“. На состанокот на раководството на компанијата во Дрезден минатата недела токму тој бил категоричен дека рекламата не одговара на ситуацијата во која се наоѓа Концернот и повикал за промена.

Одбивањето на „Das Auto“ има и друга причина, а таа е во намерата на германскиот производител да се насочи сериозно кон развојот на електрични возила. Според информациите новиот рекламен слоган на „Volkswagen“ веќе е целосно подготвен, но детали за него засега не се откриваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП