18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова помош за Грција вредна една милијарда евра

Нова помош за Грција вредна една милијарда евра

grcija evro 003

Спасувачкиот фонд на еврозоната одобри траншата од 1 милијарда евра за Грција, откако Атина се согласи да го исполни вториот пакет реформи, пренесува „Ројтерс“.

Плаќањето преку Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ) е третата транша од првичниот заем од 16 милијарди евра, одобрен во август.

„Се надевам дека добрата соработка со нашите грчки партнери ќе продолжи, па првиот преглед на програмата на Европскиот стабилизационен механизам да може да биде завршен во почетокот на 2016 година“, изјави Клаус Реглинг, управен директор на ЕСМ.

Според него само успешното завршување на овој преглед може да доведе до дискусии за идното простување на долговите на Грција, како што рече пред време и Еврогрупата.

Плаќањето беше одобрено минатата недела од заменик-министрите за финансии во еврозоната, откако Атина го повлече контроверзниот пакет мерки за социјална правда од парламентот.

Реформите со кои се согласи земјата, се поврзани со реструктуирање на фондот за приватизација кој продава државни компании, како и со промени во банкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП