28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren 675LT Spider распродаден за помалку од еден месец (фото+видео)

McLaren 675LT Spider распродаден за помалку од еден месец (фото+видео)

moto mclaren

Бидејќи купувачите веќе го „разграбаа“ моделот „McLaren 675LT Coupe“, сличната судбина ја доживеа и верзијата со отворен покрив. Сите 500 планирани примероци веќе ги пронајдоа своите сопственици, но тие ќе мораат да бидат трпеливи со оглед дека првиот автомобил ќе биде испорачан тек во летото 2016-та.

Автомобилот кој претставува помоќна, подолга, но и полесна верзија од „McLaren 650S“, опремен е со 3.8-литарски „V8 twin-turbo“ мотор кој произведува 675 ks (496 kW) и развива 700 Nm максимален вртежен момент.

„McLaren 675LT Spider“ од место до „стотка“ забрзува за 2,9 секунди, a максималната брзина изнесува 326 km/h.

moto mclaren1

При конструирањето инженерите на британскиот производител имаа на ум суперавтомобил кој може да се истакне и на тркачка патека.

Погледнете како зад управувачот на „McLaren 675LT Spider“ се снајде поранешниот возач на Формула 1, Бруно Сена:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП