8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook и оваа година е најпопуларна мобилна апликација

Facebook и оваа година е најпопуларна мобилна апликација

koristenje tet1

Компанијата „Nielsen Holdings N.V.“ ги објави резултатите од своето последно истражување во кое се фокусираше на популарноста на мобилните апликации и оперативните системи.

Истражувањето е поврзано исклучиво за подрачјето на САД, но и како такво е интересно на глобална основа.

Во резултатите од истражувањето стои дека во текот на 2015-та година најголем број активни корисници месечно мобилната апликација на „Facebook“. Бројот на корисници кои барем еднаш ја отвориле „Facebook“ преку официјалната апликација на своите смартфони или таблети изнесува повеќе од 126,7 милиони.

„Facebook“ на првото место на листата најпопуларни апликации се најде втора година по ред, а интересно е да се напомене дека над второпласираниот „Youtube“ има предност од речиси 30 милиони месечно активни корисници.

koristenje tet325555

Најбрзо растечка апликација на пазарот беше „Messenger“ на „Facebook“ која привлекла дури 31% месечни корисници повеќе од минатата година. Ништо чудно, затоа што „Facebook“ ги принуди корисниците да го користат „Messenger“ доколку сакаат да разговараат со „FB“ пријателите преку телефон или таблет.

Во извештајот стои дека втора најбрзо растечка апликација е „Apple Music“ со раст на популарноста од 26%.

koristenje tet66677777

Во светот на мобилните оперативни системи „Android“ држи 52,6 проценти од пазарот (само САД), додека „iOS“ има 42,7 отсто. „Microsoft OS“ користат нешто помалку од три посто од корисниците, додека „BlackBerry“ и натаму е „жив“ со 0,7 проценти од пазарот. Детални информации можете да пронајдете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП