6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најскапите канцеларии за изнајмување во светот

График на денот: Најскапите канцеларии за изнајмување во светот

west-end-theatre-21

Вест Енд во Лондон останува најскапиот пазар на канцеларии во светот, се наведува во извештајот на консултантската компанија „CBRE“.

Изнајмување на 1 квадратен метар површина во регионот чини во просек речиси 2.933 долари годишно, покажуваат податоците на компанијата.

Второто место е за централните области на Хонг Конг со речиси 2.900 долари годишен закуп, а третата позиција е за финансискиот кварт на Пекинг со 2.055 долари.

Топ 10 се дополнува од централната бизнис-област на Пекинг, Западен Коулун во Хонг Конг, Њу Делхи, Токио, Лондон Сити, Шангај и Менхетен во Њујорк.

Москва повеќе не е во топ 10, каде овој град секогаш беше присутен во последните години. Главниот град на Русија е на 11-то место со 1.355 долари за година. Тоа е и пазарот со најсилниот пад на трошоците за изнајмување во последната година – со близу 24%.

Најсилен скок напред во рангирањето забележува Даблин – 12 места, Стокхолм исто така со 12 места, Барселона со 11 места, и Сан Франциско со 10 места.

Најголем пад во позициите забележаа Рио де Жанеиро (со 17 места), Сао Паоло и Калгари (со 16 места), и Оукланд со 12 места.

Најсилен раст на трошоците на годишна основа се забележува во Сиетл, Белфаст, Даблин, Стокхолм и Манчестер, а најсилен пад – во Москва, Калгари, Перт, Ванкувер и Хо Ши Мин Сити.

Трошоците за изнајмување на екслузивна канцеларија, вклучувајќи ги и локалните такси и надоместоци за дополнителни услуги, се зголемиле за 2,4 отсто на годишна основа во позадина на бавното подобрување на економијата и услужниот сектор, посочуваат консултантите.

Токму услужниот сектор е главен индикатор за „здравјето“ на пазарот на првокласни канцеларии, кој оди нагоре веќе четврта година по ред, дополнуваат експертите во извештајот.

Во Северна и Јужна Америка трошоците за изнајмување на екслузивна канцеларија се зголемени за 3,1% на годишна основа, а како главен двигател на овој раст е пазарот во САД, кој турка напред од намалувањето на невработеноста, зголемувањето на вработеноста и растот на економијата.

Во Европа трошоците за изнајмување на екслузивна канцеларија се зголемија за 2,2%, а во Азиско-пацифичкиот регион за 1,9%.

На 33 пазари во Европа е забележан раст на кириите за годината до декември. Од нив, само четири – Прага, Варшава, Букурешт и Белград, се во Централна Европа.

Компанијата истакнува дека во последните шест месеци растот на трошоците за изнајмување на екслузивна канцеларија се крена главно бидејќи побарувачката ја надминува значително понудата на површини во сегментот, како и поради континуираната експанзија во услужниот сектор, потпомогнат од обновата на економијата.

gafik 333

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП