18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска меѓу најдобрите земји за пензионери

Хрватска меѓу најдобрите земји за пензионери

57df6a0f34180006582f429068c6ac21_XL

Угледниот магазин Forbes на својта листа со 20 најпожелни земји во кои треба да ги поминете пензионерските денови ја смести и Хрватска.

Сите 20 земји ги избира според неколку фактори: трошоци за живот, даноци, медицинска нега, клима, безбедност и криминал, културни атракции, гостопримливост и сообраќајни врски со САД.

На листата освен Хрватска се наоѓаат и Австралија, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Франција, Ирска, Италија, Малезија, Мексико, Никарагва, Панама, Филипини, Португалија, Шпанија, Тајланд и Уругвај.

Очекувано, Forbes на американските пензионери пред се им го препорачува брегот на Јадранското море и тоа поради, прекрасните пејсажи, добрата клима, древните културни споменици, евтиното живеење и даночните олеснувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП