7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот интернет сајт е лансиран пред точно 25 години

Првиот интернет сајт е лансиран пред точно 25 години

prv internet1

Првиот интернет сајт наполни 25 години. Тој е дело на Тим Бернерс-Ли од „ЦЕРН“, а содржи објаснување што точно е „World Wide Web“.

Сајтот е пуштен на 20-ти декември 1990-та година и до денес тој е онлајн и може да биде виден тука. Во него има кратко објаснување на „WWW“, линкови до дополнителни информации, библиографија и друго.

Самата страница станува јавно достапна малку подоцна – во август 1991 година, „ЦЕРН“ ја чува и оригиналната веб адреса.

Денес Тим Бернерс-Ли продолжува да е активно вклучен во развојот на „WWW“. Тој раководи со „World Wide Web Consortium“ и е меѓу приврзаниците интернет просторот да се задржи отворен и заштитен од цензура на инсититуциите и обидите на телекомите да ја расипат идејата за интернет неутралност.

prv internet

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП