Пет култните автомобили на „Ferrari“ се соочат еден против друг. Идејата не е некој од овие модели да биде победник, туку да се види еволуцијата на врвните автомобили на овој производител на ексклузивни машини.
Спотот во кој ќе ги видите „288 GTO“, „F40“, „F50“, „Enzo“ и „LaFerrari“, е снимен од истите луѓе кои неодамна направија драг дуел меѓу „Bugatti Veyron SS“, „Pagani Huayra“, „Porsche 918 Spyder“, „Ferrari LaFerrari“ и „McLaren P1“. Во овој случај автомобилите исто така не се обезбедени од страна на производителот, туку од колекционер.
Предметниот колекционер е Дејвид Ли, кој неодамна одлучи да ги користи само автомобили на „Ferrari“. Па тој се здобил со модели на италијанската марка за секој ден од неделата и дозволил дел од автомобилите да се користи за правење на видеото.
Споредбата меѓу големите 5 на „Ferrari“ (Ferrari’s Big 5), како што се нарекува видеото е снимено во 3 одделни клипови. Во првите два се претставуваат автомобилите, додека третиот, кој може да се види подолу ја претставува трката.
Првиот дуел е меѓу „288 GTO“ и „F40“, потоа „Enzo“ и „F50“, „F40“ и „Enzo“, и на крајот – „Enzo“ и „LaFerrari“.
„Ferrari 288 GTO“ се појавува во далечната 1984-та година и е произведен во серија од 272 примероци. Моторот е 2,9-литарски V8 со би-турбо и развива 405 КС. Кај „F40“, кој дебитираше во 1987-ма година и е произведен во 1311 примероци, агрегатот исто е V8 со зафатнина од 2,9 литри и би-турбо, но веќе развива 478 КС. Следниот предводник – „F50“, се појави на пазарот во 1995-та година и е произведен во 349 примероци. Тој користи атмосферски V12 мотор, а моќта достигнува 520 КС. „Enzo“ исто се обложува на атмосферски V12 мотор и е произведен во серија од 400 автомобили. Моќноста тука достигнува 660 КС. Најновиот максимален модел на „Ferrari“ – „LaFerrari“, има хибриден агрегат. Тој развива „страшни“ 963 КС.