10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 совети како да имате помала сметка за струја!

10 совети како да имате помала сметка за струја!

strujomer 3443

Доаѓа зима, период кога трошиме повеќе струја отколку вообичаено, а со самото тоа ни пристигнуваат и поголеми сметки. Меѓутоа, со помош на овие трикови, вашата сметка за струја со сигурност ќе биде помала.

Не постои клима-уред со кој можете да заштедите така што ќе ја намалите температурата на ладење. На само еден понизок степен можете да заштедите околу три проценти струја. Доколку алиштата ги перете на 40 степени, а не на 60, машината троши двојно помалку струја. Исто така, исклучете го шпоретот или рерната неколку минути пред крајот, затоа што храната ќе се готви или пече уште некое време додека уредот се лади. Големи потрошувачи се фрижидерот и ладилникот, особено затоа што постојано се приклучени на струја. Значи, тука немате можност да го исклучите уредот, но ќе заштедите доколку малку ја намалите температурата за ладење. Струја можете да заштедите доколку ја намалите облеката која ја пеглате, иако тоа не значи дека морате да излезете од вашиот дом непеглани. Обидете се да оддолеете на пеглање на пешкири, постелнини, крпи за во кујна… Исто така, заменете ги обичните сијалици со штедливи или „LED“ сијалици, затоа што тие трошат 80 проценти помалку енергија и траат околу десет пати подолго од обичните.

1. Планирајте.

Кога и да можете, оброците гответе ги на големо, за два-три дена. Не е иста потрошувачката на струја доколку го вклучувате шпоретот секој ден или еднаш-двапати неделно.

2. Исклучете ги штекерите.

Не ги оставајте уредите на чекање, туку исклучете ги од штекерот. На пример, телевизорот троши до 24 отсто енергија, иако е исклучен. Околу шест проценти енергија во домаќинството се троши на уредите во „стенд-бај“ функцијата.

3. Внимавајте на температурата.

Внимавајте вратата од фрижидреот да не е предолго отворена, затоа што инаку ќе влезе топлина внатре во уредот. Во тој случај, уредот ќе мора повторно да ја намали температурата на која е подесен, а со тоа ќе повлече дополнителна количина на струја.

4. Фрижидер на ладно.

Поставете го фрижидерот на што е можно поладно место во домот. Овие уреди не ги изложувајте на сончева енергија. Ладниот простор значи поголема заштеда на енергија, затоа што секој степен помалку ја намалува потрошувачката на струја и до шест отсто.

5. Машината за алишта приклучете ја на топла вода.

Доколку е можно, машината за алишта приклучете ја на довод на топла вода, а не на ладна, затоа што најмногу струја овој уред користи токму на загревање на водата.

6. Внимавајте на големината на садовите.

Големината на садовите прилагодете ја на количеството на храна која ја готвите. Доколку мало количество на храна ставите во преголем сад, тогаш ќе потрошите премногу енергија.

7. Избегнувајте го „стенд-бај“ режимот на работа.

Доколку е можно, електричните уреди немојте да ги чувате во „стенд-бај“ режимот на работа (најчесто црвената светилка), затоа што така троши и до осум проценти повеќе електрична енергија годишно.

8. Исклучете ги компјутерите додека не ги користите.

Кога не го користите компјутерот, задолжително исклучете го. Доколку и мора да остане вклучен, тогаш барем исклучете го мониторот, затоа што најголем потрошувач на енергија кај компјутерот е токму тој уред.

9. Не оставајте ги полначите вклучени.

Некои полначи за мобилни телефони, фото-апарати, компјутери… продолжуваат да трошат електрична енергија и откако ќе ги одвоите од уредот кој сте го полнеле. Затоа задолжително исклучете ги кога не ги користите.

10. Туширајте се пократко време.

Времето на туширање намалете го под пет минути. Избегнувајте го користењето на кадата, затоа што со туширањето ќе користите многу помалку струја и вода, отколку со капењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП