24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроблеми за Турција, бараат гас од Израел

Проблеми за Турција, бараат гас од Израел

gas

Турција и Израел во моментов преговараат за снабдување на гас преку средоземното море.

Доколку ги нормализира односите, Анкара ќе може делумно да ја намали зависностаод рускиот гас, пишува турски лист “Хабертурк”.

Анкара очекува Израел да започне со спорака на 30 милијарди кубни метри гас годишно, од кои 10 милијарди би биле за Турција, додека преостанатите 20 милијарди би оделе преку Турција кон Европа.

Така Турција би ја намалила зависноста од рускиот гас, кој чини 50 отсто од потребите на земјата.

Турција смета дека цената на израелскиот гас која изнесува 199 долари за 1000 кубни метри е конкурентна.

Гасоводот кој би поминувал на дното на Средоземно море, би бил долг 550 километри, а се проценува дека проектот ќе чини две и пол до три милијарди долари.

Споразум за испорака на гасот сеуште не е потпишан, но се очекува да биде објавен на пролет, откако ќе биде решен спорот помеѓу Израел и Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП