6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord F-Series станува хибрид

Ford F-Series станува хибрид

ford f 50 model

Најпродаваниот автомобил во Северна Америка – Ford F-Series, ќе добие хибриден погон. Новата верзија на пикап беше потврдена лично од извршниот директор на компанијата, Марк Филдс.

Тој откри дека инженерите веќе работат на хибридниот „Ford F-Series“, а неговата пазарна премиера треба да се случи најдоцна до крајот на оваа деценија.

Менаџерот исто така, објави дека моделот ќе биде полн хибрид, а не таков, чии батерии се полнат во електричната мрежа. Кажано поинаку, хибридниот „Ford F-Series“ ќе има погонски систем, сличен на онаа кај „Toyota Prius“.

Од изјавата на Марк Филдс станува јасно уште дека моделот ќе биде со заден погон, а веројатно ќе се нуди и со изборен систем 4х4.

Не е познато кој мотор ќе биде искористен за хибридниот систем. Најекономичен агрегат во моментов на „F-150“ е 2.7-литарски „V6“ од серијата „EcoBoost“. Со него пикапот троши во просек по 10,7 l/100 km.

Марк Филдс додаде дека поради ниските цени на нафтата во моментов, популарноста на хибридите е намалена, но во „Ford“ се убедени во нивниот пазарен успех и немаат намера да се откажат од развојот на такви модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП