18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама: Буџетот на САД инвестира во армијата и средната класа

Обама: Буџетот на САД инвестира во армијата и средната класа

obamce 353

Американскиот претседател Барак Обама му се заблагодари на Конгресот за донесувањето на законот за буџетот на САД за 2016-та година, соопштија светските агенции.

Обама рече на прес-конференцијата во Белата куќа, дека во законот за 1,1 илјади милијарди долари, се предвидува финансирање на Владата до крајот на септември следната година, но истакна дека тоа е буџет кој инвестира во армијата и средната класа на САД.

Претседателот, кој се очекува да го потпише законот, изјави дека се уште е потребно Конгресот да го поттикне зголемувањето на вработеноста и зголемување на платите, и рече дека сака да работи со конгресмените и догодина за реформирање на системот на правосудството.

Сенатот на американскиот Конгрес го одобри со 65 гласа „за“ и 33 „против“ нацртот на федералната влада за 2016-та година. Пратениците го поддржаа и укинувањето на ембаргото за извоз на сурова нафта, кое дејствува речиси четири децении, како и даночните олеснувања во вредност од 680 милиони долари за десет години.

Новиот буџет, кој обезбедува финансирање на федералните институции до 30-ти септември 2016-та година, предвидува трошоци од 1,14 илјади милијарди долари. Заедно со буџетот беше одобрена и реформата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), договорена во 2010-та година, која со години беше блокирана од Конгресот.

Реформата ќе им даде на Кина и другите земји со новите пазари поголемо влијание во советот на директори на ММФ и истовремено ќе им наметне повисоки придонеси, преку кои ќе се финансираат активностите на организацијата.

Буџетската година во САД почна на 1-ви октомври, но буџетот така не беше прифатен и федералните министерства и сектори се финансираа преку привремени резолуции, чие дејство беше продолжувано неколку пати. Во овој документ не е вклучен буџетот на Пентагон, кој веќе беше усвоен одделно, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП