24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го подготви својот прв водороден модел

Audi го подготви својот прв водороден модел

vodorod audi 204403

Германскиот производител „Audi“ го подготви својот прв водороден модел – концептниот кросовер „h-tron quattro“. Тој ќе биде прикажан на саемот во Детроит во јануари, тврди германскиот „Autobild“.

На изглед прототипот ќе биде идентичен со електричниот кросовер „е-tron quattro“, кој дебитираше пред публиката на саемот во Франкфурт во септември оваа година. Разликата е во погонот, кој е доверен на агрегат кој произведува електрична енергија од хемиска реакција меѓу водород и кислород.

Засега сите детали околу новиот модел се чуваат во тајност. Најверојатно тој ќе го добие истиот агрегат, со кој беше опремен водородниот „Audi A7“, прикажан во ноември 2014-та година. Во него влегуваат 300 одделни водородни ќелии, комплет литиум-јонски батерии со капацитет од 8,8 kW / h, два електромотори и четири резервоари кои собираата околу 5 кг. водород.

Вкупната моќност на моторите е 230 КС и 540 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на седанот да забрзува од 0 до 100 км / ч за 7,9 секунди и да развие максимална брзина од 180 км/ч. Со едно полнење моделот на водород може да помине околу 500 километри.

Уште во март оваа година веќе поранешниот технички директор на концернот „VW“ Улрих Хакенберг најави дека брендовите „Volkswagen“, „Porsche“ и „Audi“ ќе пуштат водородни модели кои ќе бидат изградени на модуларната платформа „MQB“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП