Со приближувањето на крајот на годината време e да оцениме каква била 2015-та година за дигиталните медиуми, коментира „Statista“.
„Parsely“, компанијата која е специјализирана во анализирање на публиката, спровела анкета на крајот на годината меѓу стотици издавачи на дигитални содржини, за да се идентификуваат најзначајните трендови во последните 12 месеци.
Според резултатите од анкетата, сумирани во табелата, e фактот дека мобилниот сообраќај веќе го надмина сообраќајот од десктоп компјутерите и за многу издавачи е највпечатливиот развој за 2015-та година. Темпото со кое мобилните содржини ја стигнаа и дури конечно ја надминаа содржината за десктоп верзиите е навистина фантастично. Пред помалку од 10 години смартфонот беше мала играчка, а сега можеме да тврдиме дека е најважниот уред за пристап до информации.
Другите значајни трендови и теми за 2015-та година вклучуваат зголемување на дистрибуцијата на содржините преку социјалните мрежи, оневозможувањето на реклами и стратешкото користење на анализи за развој на стратегиите.