3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel работи на концептот на купето GT

Opel работи на концептот на купето GT

 

gt model  33

Германскиот производител на автомобили, „Opel“, ги потврди намерите за заживување на еден од моделите од својата историја – спортскиот „GT“.

Според информациите проектот го раководи лично шефот на германската марка Карл-Томас Нојман. Се очекува новиот автомобил да претставува купе со 2 + 2 места, чиј дизајн ќе биде во стилот на концептниот „Monza“ (на фотографијата во верзијата на „Vauxhall“). Технички новиот „GT“ ќе биде базиран на последната генерација на „Astra“.

Концептуалната верзија на идниот „Opel GT“ ќе биде прикажана уште на автосаемот во Женева во март следната година. Серискиот спортски автомобил ќе се појави во 2018-та година, а се очекува да чини околу 25.000 евра. Тој ќе се нуди само со бензински мотори, а најмоќниот од нив ќе има 300 КС.

Купето „Opel GT“ се произведуваше во периодот 1968-1973 година. Во 2007-ма година германскиот производител пушти на пазарот „роудстер“ со истото име, кој се продаваше само 2 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП