8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicromax го претстави својот прв паметен телефон од висока класа

Micromax го претстави својот прв паметен телефон од висока класа

indi smart

Најголемиот индиски производител на смартфони „Micromax“ го претстави својот прв паметен телефон од висока класа – моделот „Yu Yutopia“.

Уредот се одликува со куќиште од висококвалитетен магнезиум и алуминиум, обезбедувајќи цврстина со до 90% поголема од тоа при користењето на поликарбонати. Смартфонот е со 5.2-инчен дисплеј со стакло „Gorilla Glass 4“ и резолуција од 1.440 х 2.560 пиксели. Густината му е 565 точки по инч.

Во однос на процесорот е употребен „Snapdragon 810“, кој е осумјадрен со фреквенција од 2 GHz. Оперативната меморија на смартфонот е 4 GB, а внатрешната е во износ од 32 GB. Задната камера е 21 мегапикселна со сензор „ExmorRS IMX230“, а предната е со резолуција од 8 мегапиксели.

indi smart1

Батеријата е со капацитет од 3000 mAh, а постои можност за брзо полнење – до 60% за 30 минути. Оперативниот систем е „Cyanogen 12.1“ базиран на „Android 5.1.1“. Тој ќе добие надградба наскоро кон „Cyanogen 13“, која ќе е базиран на „Android 6.0“. Смартфонот е со дебелина од 7,2 мм и тежи 159 грама.

Уредот ќе е со цена од 376 долари, a ќе започне да се испорачува од 26-ти декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП