26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFisker пред стечај

Fisker пред стечај

FiskerKarma02-1

Компанијата „Fisker Automotive“ најмила адвокати специјализирани за преструктуирање на компаниите се со цел да се подготват за евентуалното прогласување на стечај.

Од „Fisker“ досега одбиваа да коментираат во медиумите за можниот стечај, но компанијата минатата седмица испрати повеќе од 200 работници на принуден одмор.

Американскиот производител на хибридни спортски автомобили е во потрага по стратешки партнер па така се состана со неколку кинески компании, а најновите преговори со компанијата „Dongfeng и Geely“, најверојатно не вродиле со плод. Со оглед на тоа дека се уште непронајдоа нови инвеститори, „Fisker“ сега размислува на стечајот како последна опција.

„Fisker Automotive“ непроизведе ниту еден примерок од моделот Карма уште од јули 2012-та година, а лошите вести кулминираа во средината на минатиот месец кога компанијата ја напушти Хенрик Фискер кој беше претседател, дизајнер и еден од основачите на „Fisker“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП