26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје и ЈСП со предлог за нови цени за јавниот превоз...

Град Скопје и ЈСП со предлог за нови цени за јавниот превоз од јануари 2016-та

bileti 335

ЈСП и град Скопје со новитети во користењето на јавниот превоз, во рамките на електронскиот систем за наплата кој треба да започне да се применува од Нова година.

Според измените, билет за возење со електронска картичка во тарифните зони 1 и 2 (градска и приградска зона) ќе чини 35 денари, а доколку купувате билет директно во автобусот, тој ќе чини 60 денари.

Повеќе ќе нема опцијата за купување на билет во трафиките на ЈСП по цена од 30 денари. Цената на ноќниот билет и со електронска картичка останува иста – 40 денари, а со мобилен телефон е 50 денари. Билетот за десет возења, за две недели, со електронска картичка во тарифната зона 1 ќе чини 250 денари како досега, а комбиниран во тарифните зони 1 и 2 – 300 денари.

Билетот за превоз со автобус и жичарница во два правца во двете зони ќе чини 150 денари, а со мобилен телефон 160 денари. Дневниот билет, пак, за комбиниран превоз со автобус, жичарница и лифт на крстот на Водно ќе чини 200 денари, а со мобилен телефон 220 денари. Дневиот билет само за ЈСП за тарифна зона 1 ќе чини 120 денари, а за двете – 150 денари. Седумдневната картичка за градска зона е 500 денари, а за двете 600 денари.

По предлогот на измената на цените во ЈСП градските советници треба да се изјаснат на седница во вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП