21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПетте менаџери кои ќе го спасуваат Volkswagen

Петте менаџери кои ќе го спасуваат Volkswagen

golkii

Реструктуирањето на „Volkswagen“ по скандалот со манипулацијата на дизел мотори е веќе во тек, a првите мерки се преземени и беа официјално објавени. Тие ќе влијаат на носителите на големи загуби за производителот, како седан Phaeton, чие производство се запира од март.

Од компанијата „Volkswagen“ најавија дека напролет ќе ја затворат фабриката во Дрезден за реорганизација. Токму во оваа фабрика се произведува предводникот на брендот. Работниците од фабриката ќе бидат преназначени во друго претпријатие на „VW“, во кое се составуваат „Golf“ и „Passat“.

Со цена од 89.650 евра „VW Phaeton“ не може да се натпреварува со „Audi A8“, која чини 81.000 евра, како и со „Mercedes-Benz S-Class“ и „BMW 7-Series“. За 14 години секој произведен „Phaeton“ и носи по 28.000 евра загуба на компанијата и затоа запирање на производството беше само прашање на време. А појавата на новата генерација на моделот е под знак прашалник.

Концернот ги претстави и промените во раководството, кои треба да помогнат за побрзо надминување на штетата нанесена од „Дизелгејт“. На клучни позиции се назначени петмина нови менаџери, откако претходно беа ослободени речиси половина од раководителите на различни оддели.

За шеф на одделот за истражување и развој во „Volkswagen“ е назначен Улрих Екхорн . Тој го зазема местото на отпуштениот во септември Хајнц-Јакоб Нојсер. Тогаш сличните позиции во „Audi“ и „Porsche“ ги напуштија Улрих Хакенберг и Волганг Хатц.

Новиот главен дизајнер на германскиот производител е Михаел Маер, кој од 2004-та година беше на чело на дизајнерскиот оддел на „Porsche“ и ги разви моделите како „Cayenne“, „Panamera“ и „918 Spyder“. Сега тој го заменува пензионираниот Валтер де Силва.

Позицијата шеф на продажба во „Volkswagen“ е доделен на Фред Каплер, главен и одговорен за производството е Волфрам Томас, а Ралф-Терхард Вилнер ќе биде одговорен за целата производна линија на концернот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП