20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе отвори ултра модерен Спа центар во Хотелот Гардениа во Велес

Се отвори ултра модерен Спа центар во Хотелот Гардениа во Велес

gardenia-spa-naslov

Во среда, на 16 декември, свечено беше пуштен во употреба најновиот Спа центар во Македонија, во рамките на Хотелот Гардениа во Велес. На прес конференцијата организирана во Хотелот Гардениа официјално беше означен почетокот на работата на СПА Центарот.

Промоцијата продолжи со ексклузивен настан во Хотелот Гардениа, на кој сопственикот на комплексот, г-дин Марио Мирсинов го претстави спа центарот и официјално го означи почетокот на неговата работа. На промоцијата присуствуваа голем број видни и реномирани гости, менаџери на реномирани македонски компании, дипломати, лица од јавниот живот,  соработници и посетители на хотелот, кои имаа можност одблиску да го погледнат ултра модерниот спа центар, и да се запознаат со неговите капацитети и специфични услуги. Низ видео презентација гостите се запознаа и со членските картички и можностите за членство во овој СПА центар.

IMG_9202

Спа центарот е изграден по најнови светски стандарди, целосно опремен со подно греење и софистицирани системи за климатизација. Располага со инфраред и финска сауна, термален базен со масажни системи, џакузи, парна бања, повеќе соби за третмани и простор за релаксација. Во третманите кои редовно ќе бидат на располагање, се користи козметика од врвни брендови, меѓу кои и врвниот француски бренд Auriege (Ориеж).

IMG_9278

Хотелот Гардениа, оценет со рејтинг од 5 ѕвезди, во чии рамки ќе функционира Спа центарот, е отворен во 2014 година и располага со 40 внимателно дизајнирани соби, во кои секој детал приредува луксузно искуство за гостите. Покрај ова, хотелот содржи и ресторан, летна тераса со базен и бар.

Во составот на хотелот на располагање се и банкет сала, конференциски сали и сали за презентација со капацитет од 100 до 120 гости, игротека, фитнес центар и лоби бар. Комлексот има и свој паркинг простор со видео надзор.

IMG_9179

Во ресторанот на хотел Гардениа, оценет со највисоки 4 ѕвезди се подготвува традиционална и интернационална кујна, секогаш свежа и вкусно подготвена.

Хотелот располага и со модерна сала за венчавки со капацитет од 450 гости, а надворешниот простор покрај базенот има капацитет од 500 гости, и е идеален за секаков вид прослави.

Со новоотворениот Спа центар, менаџментот на хотелот ја продолжува успешната приказна на Хотелот Гардениа и креира дополнителни услуги за своите клиенти, овозможувајќи овој комплекс да стане нивното место за релаксација, ревитализација и полнење на батериите.

gardenia spa-59

gardenia spa-29-HDR

gardenia spa-86

gardenia spa-62-HDR

gardenia spa-4-HDR

gardenia spa-16-HDR

gardenia spa-50

gardenia spa-13

gardenia spa-92

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП