8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПетте најдобри смартфони во 2015-та година (фото+видео)

Петте најдобри смартфони во 2015-та година (фото+видео)

najbolji smart

Крајот на годината традиционално е време кога технолошките изданија ги објавуваат рангирањата на најдобрите уреди. Верен на оваа традиција е и изданието „Techno Buffalo“, кое направи рангирање на петте најдобри смартфони за оваа година.

5. Moto X Pure

najbolji smart 5

Моделот „Moto X Pure“ беше кулминација на производствената линија на „Motorola – Moto X“. За само 399 долари, корисниците имаат пристап до паметен телефон со исклучителни можности за персонализација. Компанијата е позната по тоа што секогаш е меѓу првите кои им обезбедуваат на корисниците пристап до најновата верзија на оперативниот систем „Android“. Телефонот исто така располага со 21 мегапикселна камера и водоотпорен дизајн, а дисплејот се одликува со висока „QHD“-резолуција. Меѓу ретките недостатоци на уредот е недостатокот на сензор за отпечатоци, карактеристика за повеќето уреди од овој ценовен сегмент.

4. iPhone 6s / iPhone 6s Plus

najbolji smart 4

Најновите паметни телефони од „Apple“ дадоа нови можности за корисниците. Најзначајните меѓу нив е чувствителниот на притисок на 3D-приказ на уредот. Смартфонот продолжува да се одликува со камера со многу висок квалитет, многу добар екосистем и високи перформанси, кои го прават и еден од најпознатите смартфони од највисоката класа. Во него се додадени и нови можности како „Live Photos“, а смартфонот располага со еден од најмоќните процесори во светот во моментов.

3. BlackBerry Priv

najbolji smart 3

Третото место може да е изненадување за многумина, но тоа му припадна на канадскиот производител „BlackBerry“, во лицето на неговиот модел „Priv“. Тоа беше најголемото изненадување и покрај сите тешкотии со кои се соочи компанијата. Уредот располага со најдобра физичка „QWERTY“ тастатура на пазарот, скриена зад лизгачот. Смартфонот има 21 мегапикселна камера и „QHD“-приказ, а исто така може да се полни безжично. Располага со картичка за проширување на меморијата и многу издржлива батерија. Побарувачката за новиот уред беше толку голема при неговото претставување, така што производителот се уште не може да ги реализира нарачките.

2. Galaxy S6 Edge Plus

najbolji smart 2

И додека третото место во голема мера е изненадување, второто дефинитивно не е. Моделот на „Samsung“ со заоблени краеви беше револуционерен во однос на дизајнот во оваа година. Тој им дава на корисниците исклучително добар екран и висока продуктивност, во комбинација со една од најдобрите камери на пазарот во моментов. Батеријата на уредот исто така е завидна. Постои можност за брзо полнење, како и за поврзување со уредот за виртуелната реалност „Gear VR“.

1. Nexus 6P

najbolji smart 1

Уредите од серијата „Nexus“ секогаш го привлекуваат вниманието на корисниците со тоа што се првите проводници на новиот оперативен систем „Android“. Овој пат сепак, новата верзија ги надмина сите очекувања, со помош на кинескиот производител „Huawei“. Неговиот дизајн исто импресионира со тенките рабови и висококвалитетното алуминиумско куќиште. Во прилог на тоа се 5.7-инчниот „QHD“-дисплеј и исклучителната камера со која уредот располага. Звучниците се поставени на предната страна со што се обезбедува висок квалитет на звукот, а цената му е едвај 499 долари, или далеку под онаа на конкурентите во класата.

Бонус модели:

LG V10

najbolji smart 6

Друг модел кој не спаѓаат во рангирањето, но вреди да се спомене е „LG V10“. Опремен со две предни камери, проширена меморија и втор преден екран, уредот е со многу добар „QHD“-дисплеј и батерија која издржува повеќе од ден.

Nexus 5x

najbolji smart 7

Успешен наследник на моделот „Nexus 5“, може да биде пронајден во лицето на „Nexus 5X“. Камерата е 12,3-мегапикселна, а екранот е 5.2-инчен „FHD“. Има и сензор за отпечатоци. Ова го прави многу добар предлог за неговата цена од само 329 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП