Мудис ја образложи оцената со постојано високото ниво на залиха на нафта која може да се влоши со укинување на санкциите на Иран, пишува британски The Gardian.
Рејтинг агенцијата ја намали проекцијата за цената на нафтата од типот “брент” на 43 долари за барел од претходните проектирани 53 долари, додека проценката за “лесната” нафта(WTI) ја намалила на 40 долари од претходните 48 долари.
Според соопштението на рејтинг агенција, глобалната побарувачка на нафтата ќе се зголеми за околу 1,3 милиони барели дневно во наредната година поради повисоката потрошувачка на САД, Кина и Русија, пренесува The Gardian.
Во соопштението исто така се додава дека зголемувањето на производство на нафта во Организацијата на извознички на нафта(ОПЕК) ги неутрализираше ефектите од силната побарувачка, што според Мудис, најеројатно ќе доведе до брзо зголемување на залихите.
Одлуката на САД е да ги укине санкциите на Иран доколку ги исполни условите за нуклеарниот договор кој е постигнат со светските сили, кој можно е дополнително да ги зголеми глобалните залихи, наведува Мудис, и додава дека цените на двата вида на нафта ќе порасне само за пет долари за барел.