21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz SLC за 2016-та: Ново лице, ново име и нови мотори (фото+видео)

Mercedes-Benz SLC за 2016-та: Ново лице, ново име и нови мотори (фото+видео)

slc 00

Компанијата „Mercedes-Benz“ официјално го претстави моделот „SLC“, кој всушност претставува редизајн на досега познатиот „SLK“. Според информациите од средината на јануари купувачите ќе можат да го нарачаат овој автомобил.

slc 01

Од „SLK“ новиот автомобил ќе се разликува по целосно ревидираната предница. Различни се браникот, решетката на ладилникот, како и главните светла, кои можат да бидат опремени со „LED“ диоди. Позади новините се во изгледот и браникот, а во кабината – кај воланот и рачката за брзини.

slc 03

За „SLC“ во „Mercedes-Benz“ подготвија 5 мотори – 4 бензински и еден дизел. Бензинските се три со 4 цилиндри – „SLC 180“, „SLC 200“, „SLC 300“, и еден со 6 цилиндри – „AMG SLC 43“. Дизел агрегатот е 2,1-литарски со 4 цилиндри (SLC 250d), нудејќи 204 КС и 500 Nm вртежен момент.

slc 04

Најслабиот мотор развива 156 КС и 250 Нм, модификација „SLC 200“ се потпира на 184 КС и 300 Nm, а најмоќната – „SLC 300“, располага со 245 КС и 370 Нм. Верзијата „Mercedes-Benz SLC 180“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,9 секунди, „SLC 200“ за 7 секунди, „SLC 300“ за 5,8 секунди, а единствениот дилзел – за 6,6 секунди.

Двете помали бензински верзии се опремени со 6-брзински мануелен менувач, додека „SLC 300“ и дизел модификацијата се потпираат на 9-степен автоматски. Тој ќе се нуди и како опција за првите две варијанти.

slc 05

Во стандардната опрема на „SLC 300“ и „SLC 250d“ влегува систем за управување на електрониката „Dynamic Select“ кој располага со 4 режими на работа – „Comfort“, „Sport“, „Sport +“ и „Eco“, како и со еден дополнителен, кој може да се прилагодува индивидуално. Дополнителниот пакет „Dynamic Handling“ го намалува растојанието од патот за 10 мм и вклучува индивидуализирани амортизери и посебен систем за стабилизација.

slc 06

Основната варијанта на моделот има загревање на седишта, функција за поднесување на топол воздух во зоната на вратот на возачот и патниците, мултимедијален систем „Comand Online“, парктроник, препознавање на сообраќајните знаци, функција за автоматско исклучување на воздушното перниче на совозачот при поставување на детско седиште, а исто така и со покрив со варијабилен степен на транспарентност.

slc 07

Спортската „AMG“ модификација на „SLC“ се потпира на би-турбо „V6“ мотор, додека досегашната верзија на „SLK“ беше со „V8“. Новиот 6-цилиндричен мотор ќе располага со 367 КС и 520 Нм, што е за 54 КС и 20 Нм помалку, отколку кај претходниот „SLK 55“. Новата верзија „AMG“ е со 9-степен автоматски менувач и забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП