3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на добивката на Прада

Пад на добивката на Прада

pradaklcr9g

Добивката на Прада паднала во изминатото тромесечје 38 отсто во однос на истиот период лани, што во најголем дел е последица на падот на продажбата на италијанската мода во Кина, заради забавување на тамошната економија.

Вкупните приходи на Прада во последното тромесечје, завршено во октомври, изнесувале 748 милиони евра, шест отсто помалку од истиот период лани, соопштија од Прада.

Чистата добивка паднала, пак, на 46,5 милиони евра, од 74,5 милиони евра во истиот квартал лани, значително под очекувањата на аналитичарите во анкетата на Reuters.

Најмногу падна продажбата на компанијата во Кина заради забавувањето на тамошната економија, што потрошувачите ги наведе на внимателност.

Покрај тоа, девалвацијата на кинескиот јуан во август ги одврати многу кинески туристи од купување во Хонг Конг, кој до неодамна беше нивна главна дестинација за купување на луксузна стока.

Европа и Јапонија се единствените две подрачја во кои е забележан благ раст на продажбата, благодарејќи на потрошувачката на туристите, но високиот курс на доларот одврати многумина од купување во САД, порача раководството на Прада.

„Пазарните услови и натаму се многу сложени заради нестабилноста на финансиските пазари и загриженоста за безбедноста во светот, што му наштети на туризмот“, рече финансискиот директор на Прада, Донатело Гали.

За да ги заштити профитните маржи, Прада во следните години ќе разгледа затворање на одделни продажни места и ќе го ограничи отворањето на нови на 10, рече Гали. Зa споредба, Прада во 2014 година отвори 54 нови продавници во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП