11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоправка која чини 650.000 евра

Поправка која чини 650.000 евра

nesreka

Механичар во Германија во текот на пробното возење успеал да искрши еден од само 1400 примероци на легендарниот „Мercedes 300 SL“. Поправката се очекува да биде околу 650.000 евра.

Сопственикот на автомобилиот кој скапоцениот љубимец го одвел на редовен сервис не очекувал дека на неговото возило ќе биде спроведен и „краш-тест“ на јавна сообраќајница. Ваквиот автомобил не се носи кај локални мајстори, туку во специјални компании кои се занимаваат со оддржување на скапи олдтајмери.

Така било и во овој случај, компанијата одговорна за „Мercedes 300 SL“ се вика „Mechatronics“, а самото возило му било поверено на 26-годишен механичар.

По завршената работа, младиот мајстор заедно со неговиот уште помлад помошник започнале тест-возење на кое требало да утврдат дали на автомобилот се функционира совршено.

Поради несоодветната брзина на движење, возачот ја загубил контролата над возилото, излетал од патот и неколкупати се превртел. За среќа двајцата патници во автомобилот поминале без повреди.

Сепак се проценува дека поправката на овој автомобил ќе чини околу 650.000 евра. Иако и сопственикот и компанијата „Mechatronics“ се осигурани во случај на вакви ситуации, се уште не е одлучено дали и механичарот ќе мора да ја отплати штетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП