2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСледната година Apple за првпат ќе забележи пад во продажбата на iPhone?

Следната година Apple за првпат ќе забележи пад во продажбата на iPhone?

morgane 33

Аналитичарката Кети Хуберти од „Morgan Stanley“ предвидува пад на продажбата на смартфонот „iPhone“ во следната година. Ако тоа се случи, ќе бидеме сведоци на првото намалување на продажбата на годишна основа во историјата на „Аpple“.

Според Хуберти, продажбата на смартфонот ќе се намали за 5.7% во наредната фискална година, која започна од октомври. Прогнозата не е направена врз база на моменталната продажба на моделот, како и намалувањето од 10% во нарачките кон добавувачите на „Apple“ на делови за изработката на уредот.

Хуберти исто така, признава дека падот би се случил при развојот на „најлошото можно сценарио“. Овие очекувања стануваат реалност само една недела откако експерти од „Goldman Sachs“ прогнозираа раст од 6,8% во продажбата на „iPhone“ во текот на следната година.

Во изминатата година американската компанија продаде рекордни 74.5 милиони „iPhone“ смартфони, што го прави многу тешко за подобрување.

Од „Morgan Stanley“ ја намалија оценката за акциите на „Apple“ до 143 долари во однос на претходните прогнози за 162 долари. Акциите на комапнијата се тргуваа при последно ниво од 110.38 долари за готово, или намалување за цела година од 2,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП