12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗелено светло за Mission Е

Зелено светло за Mission Е

e porshe 00001

Првиот целосно електричен Porsche автомобил е на пат. Надзорниот одбор на Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG денес даде зелено светло за проектот Mission Е. Според зборовите на д-р Оливер Блуме, претседател на извршниот одбор, „Porsche започнува ново поглавје во историјата на спортските автомобили“. Целосно електричното возило треба да биде лансирано кон крајот на оваа деценија.

Со проектот Mission Е, Porsche го продолжува својот раст. Во Штутгарт се создадоа услови за повеќе од 1.000 нови работни места. Компанијата ќе инвестира околу 700 милиони евра во својата главна фабрика. Во текот на следните неколку години, нова фарбара и нова фабрика ќе бидат изградени. Постојната фабрика исто така ќе биде проширена со цел во новиот дел да се произведуваат електрични мотори. Новите инвестиции не завршуваат тука, компанијата ќе инвестира и во новиот развоен центар во општината Вајзах.

e porshe 00002

Mission Е концепт автомобилот се прослави уште при својата премиера на Меѓународниот саем во Франкфурт (ИАА) во септември 2015 година. Посетителите беа обземени пред сè со врвниот емоционален дизајн. Модерниот збор „Е-изведба“, го потврдува технолошкиот Пионер кој комбинира исклучителни возни перформанси со врвна секојдневна практичност.

Автомобил со четири врати и четири индивидуални седишта има голема излезна моќност од над 600 КС (440 kW). Со што возилото забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 3,5 секунди. Овој прекрасен спортски автомобил може со едно полнење на батеријата да помине од 500 километри, а истата се полни преку 800 волтен полнач, специјално развиен за овој автомобил, кој е двапати побрз од најбрзиот електричен полнач кој постои денес. Литиум јонската батерија е поставена  во подот на возилото и таа може да се наполни до 80 проценти за само 15 минути. Инструментите се управуваат интуитивно со следење на окото и контролата е со помош на гестикулациите, некои инструменти се управуваат и преку холограми – контролната табла е целосно ориентирана кон возачот и автоматски ги прилагодува екраните според положбата на возачот.

e porshe 00003

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП