7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто да очекуваме од новиот Galaxy A9

Што да очекуваме од новиот Galaxy A9

osmica aaa

Најголемиот светски производител на паметни телефони „Samsung“ е популарен со моделите од серијата „Galaxy S“, „Edge“ и „Note“, но токму во серијата од средната класа „А“, тој го претстави својот прв модел со метален дизајн.

Моделите од серијата „А“ се наметнуваат во се поголема мера во средниот ценовен сегмент. Во таа насока, од компанијата се подготвуваат да го претстават најновиот премиум модел од оваа серија – „Galaxy A9“.

Еве и што се очекува од овој модел, според податоците кои се појавија на интернет.

Екранот најверојатно ќе е 6-инчен со резолуција од 1080 пиксели, а процесорот ќе е „Qualcomm Snapdragon 620“ со фреквенција од 1.8GHz. Задната камерата на уредот се очекува да е 13-мегапикселна, а батеријата со капацитет од цели 4000 mAh.

Оперативниот систем најверојатно ќе биде „Android 5.1.1“, а смартфонот ќе располага со услугата за плаќање „Samsung Pay“. Оперативната меморија на уредот најверојатно ќе е 3GB, а внатрешната – 32 GB.

Иако не се споменува од каков материјал ќе биде произведен смартфонот, очекувањата на пазарот се за зачувување на традицијата за користење на високо квалитетни материјали, како алуминиум, како и дека куќиштето ќе биде исклучително тенко. При последниот модел „Galaxy A8“ дебелината беше едвај 5,9 мм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП