21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Норвешка најдобра земја за живеење, Македонија на 81. место

ОН: Норвешка најдобра земја за живеење, Македонија на 81. место

ddd

Резултатите од извештајот на Обединетите Нации за човечкиот развој за 2015 година покажаа дека најдобра земја за живеење е Норвешка, а по неа ја пратат Австралија, Швајцарија, Данска, Холандија, Германија, Ирска, САД, Канада и Нов Зеланд.

Меѓу најдобрите 20 земји за живот се најдоа и Сингапур, Хонк Конг, Лихтенштајн, Шведска, Велика Британија, Исланд, Јужна Кореја, Израел, Луксембург и Јапонија.

Според извештајот на ОН, од 20 најдобри земји за живот, 11 од нив се наоѓаат во Европа, а 4 во Азија.

Од земјите во нашиот регион најдобро место за живеење е Словенија која се наоѓа на 25-то место. По Словенија следи Хрватска која го зазема 47-то место, Црна Гора 49-то и Србија 66-то место.

Македонија е рангирана на 81-во место, а последното 85 место во регионот го делат Албанија и Босна и Херцеговина.

Листата е составена врз основа на постоечките услови за живот во земјите.

Во регионот Словенија, Хрватска и Црна Гора се наоѓаат во групите земји кои може да се пофалат со многу висок степен на човечки развој, додека останатите земји во регионов вклучувајки ја и Македонија се класифицираат во земји со висок степен на човечки развој.

Од друга страна, најлоши земји за живеење во светот се Нигер, Централна Афричка Република, Еритреја, Чад, Бурунди, Буркина Фасо, Гвинеја, Сиера Леоне, Мозамбик и Мали. Овие земји се класифицирани како земји со низок степен на човечки развој.

Резултатите од извештајот се пресметуваат врз основа на параметри како што се сиромаштија, писменост, образование, животен век и други фактори.

baa

bbb

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП